Средба Ахмети-Тимоние
Демократската унија за интеграција (ДУИ) како победничка партија на Албанците даде поддршка на реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова влада која ќе ја спроведува агендата и однапред утврдена програма од страна на меѓународната заедница преку строго спроведување на реформите во судството, заокружување Охридскиот договор, и на евро-атлантските интеграции, истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.
Според партиското соопштение, Ахмети елаборирал за сите конструктивни чекори што ги презела ДУИ за излез од кризата, во согласност со очекувањата на граѓаните и на меѓународната заедница.
Лидерот на ДУИ го информирал Тимоние дека ДУИ продолжила, и покрај сите чекори, со преземање дополнителни напори за решение и ги поканува особено двете македонски политички партии да се вклучат, без одлагање, и да се најде решение за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност, се наведува во соопштението.
- Секое доцнење претставува можност за противниците на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ да го прошират своето влијание и да го продлабочат јазот помеѓу граѓаните на нашата земја, рекол Ахмети.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер