Ќе се вложат 140 илјади евра за подобрување на условите за сточарството

Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта започна со реализација на повеќе зафати со кои ќе се подобрат условите за одгледување добиток. Активностите се дел од годишната програма и предвидени се реконструкции на планински патишта, правење мини акумулации за напојување и копање на бунари.
Работите започнаа со реконструкција и проширување на пат на планината Сува Гора, над гостиварското село Чегране кој води до бачилата. Се работи за пат во должина од околу шест километри, што ќе се овозможат подобри услови на одгледувачите на овци во овој регион.
- Со реконструкцијата ќе се добие подобар пристап на фармерите до бачилата, но и на рекреативците, ловџиите. Сепак, првата и најважна цел е развивање на агробизнисот и нашите фармери да имаат корист со тоа што ќе им го олесниме пристапот до пасиштата, изјави за МИА Љуљзим Фејзулаи, директор на ЈП за стопанисување со пасишта.
Фејзулаи нагласи дека со програмата за оваа година, до крајот на јуни треба да се реконструираат вкупно 44 километри патишта во реоните на Пласница, гостиварско-тетовскиот и скопско. Во источниот дел на земјата планирано е да се направат 19 мини акумулации, а во реоните на Кривогаштани и Долнени да се ископаат четири бунари за напојување на добиток.
Фејзулаи апелира до жителите на селата во подножјето на Сува Гора да внимаваат и да го ограничат движењето, бидејќи при реконструкцијата на патот неопходно е да се изврши минирање на карпи. Минирањата ќе траат до петок
- Станува збор за карпесто земјиште и на десетина места пстребно е да се изврши минирање. Апелираме до жителите од Стенче и Чегране овие денови да не се движат низ планинскиот предел над овие села, вели Фејзулаи.
Ново на Сител
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
