„Економист“: Турција се лизга кон диктатура

Одлуката на турските гласачи да ја поддржат промената на Уставот, означува крај на безмалку стогодишниот парламентаризам во Турција и воведувањето на претседателски систем, како вовед во „изборна диктатура„ на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган“, пишува британскиот неделник „Економист“, во својата анализа на најновите случувања во оваа земја.
Според весникот Ердоган успеал да ги убеди повеќето Турци дека на земјата и треба нов Устав за да се обезбеди политичка стабилност и силен претседател (мислејќи на себе) за да се „галванизира државата“ и за да се елиминираат „непријателите“.
Со овој модел, вели „Економист“ Ердоган создава „нелиберална демократија“ на националисти, слично на Владимир Путин во Русија, со кого сака да се споредува или со унгарскиот премиер Виктор Орбан во рамките на ЕУ.
Победата на предложените „уставни реформи“ означува препрека за една силна влада и се отвора пат за партија која ќе ги попречува и урива институциите на државата, а пред се на судовите и на медиумите.
Весникот не се согласува со објаснувањето дека Турција го „копира системот на САД“ објаснувајќи дека споредба не може се направи, затоа што таму постојат цела низа институционални и уставни ограничувања што оневозможуваат еден политичар (претседателот) да се претвори во монарх-апсолутист, кои во турскиот случај не постојат.
- Најголемата закана, сепак доаѓа од самиот Ердоган кој ја користи вонредната состојба по неуспешниот пуч од јули минатата година, за пресметка со неистомислениците. Од тогаш се уапсени над 50 илјади луге, а повеќе од 100 илјади се сменети и отпуштени од работа. Притоа не страдаат само она малцинство кое се врзува за пучот, туку и најобични луге кои се „виновни“ само затоа што работат или предаваат во институции и училишта означени дека се дел од движењето на Ѓулен или интелектуалци и новинари кои барем малку имаат симпатии за Курдите и курдската кауза, пишува лондонскиот неделник.
Според весникот земјата не се соочува со исламската закана, ниту самиот Ердоган е исламист, инсистирајќи дека овој „старомоден автократ“ само се затскрива зад религијата и исламот за да може да владее.
Реџеп Таип Ердоган кој претходно беше градоначалник на Истанбул, на власт е од 2003 година, прво 10 години како турски премиер, а потоа како претседател. Со одредбите на новиот Устав, теоретски, тој би можел да остане на власт до 2029 година.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
