Почина момчето повредено од струен удар во обид да се фотографира
Петнаесетгодишниот скопјанец кој имаше изгореници од втор степен како последица од струен удар откако се качил на вагон цистерна на 7-ми овој месец, почина вчера во Ургентниот центар-Скопје.
Како што соопшти МВР, момчето добило изгореници од струен удар во депото на Македонски железници во Скопје, во близина на Блок 1, откако сакајќи да го фотографира негова другарка, се качило на вагон цистерна и се доближило до електричниот вод кој бил под висок напон. Телото на починатото момче ќе биде дадено на обдукција.
Двајца малолетници во два одвоени случаја од исти причини беа тешко повредени од струен удар во петокот, 14 април. Тие се обиделе да се фотографираат качени на вагон во депото на Македонски железници.
Како што претходно соопшти МВР, во првиот случај, во 15.50 часот, повреден бил 14-годишник, а во вториот случај, во 19.05 часот, од струја под висок напон бил удрен 15-годишник.
Двајцата со тешки телесни повреди биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде се задржани на понатамошно лекување.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера