Католичките верници во Струмица го прославија Велигден

Католичките верници се собраа во катедралната црква „Успение на пресвета Богородица“ во Струмица на свечена литургија за да го прослават големиот христијански празник Велигден. Со мисата чиноначалствуваше бискипот Киро Стојанов, кој го нагласи големото значење на жртвата која Синот Божји ја дал за човештвото.
- Што ни значи овој наш собир на оваа света литургија? Ни значи многу. Дали сме подготвени сега да ја отвориме секоја клетка на нашето срце, на нашата совест и на нашиот дух и да ѕирнеме какво се незнаење, несогласување дури и гревови има покриено, наталожено во длабочината на нашето Јас, рече бискупот Стојанов.
Посочи дека единствено Бог може да продре и да ја прочита секоја мисла и емоција во човечкиот ум и срце.
- Тој го гледа она од што ние самите понекогаш може да се посрамиме. Да го замолиме светиот дух кој ќе слезе на олтарот и ќе го направи виното - крвта Исусова, а лебот - телото негово да го осветли нашето битие. Ако на неговите ученици им требло 50 дена да поверуваат за воскресенито на Исус, колку време нам ни е потребно да поверуваме дека Христос е жив и воскресна над нашите олтари, рече Стојанов.
Ново на Сител
-

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
-

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
-

Во скриен бункер на камион на ГП Стар Дојран пронајдени 5050 штеки цигари | ВИДЕО
-

Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации
-

Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје
-

Рафиња: Да не дојдеше Флик, ќе ја напуштав Барселона
-

Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен
-

Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
