МНР до Коѕиас: Иредентизмот не е одлика на Македонија, тоа го очекуваме и од Грција
Не постои никаква основа за стравување во Грција од каков било македонски иредентизам. Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од реалното попречување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено по Пресудата на Меѓународниот суд на правдата, од 2011 година.
Ова се наведува во реакцијата на македонското МНР по повод вчерашните изјави на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
- Од македонска страна, цениме дека во рамките на процесот за градење мерки на доверба, треба да се изнајде решение за сите извори на недоверба од двете страни. Иредентизмот не е одлика на Република Македонија, која континуирано се залага за регионална соработка. Цениме, дека истото треба да биде прифатено и од нашиот јужен сосед, се наведува во соопштението од МНР.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера за време на говорот за грчката надворешна политика во Стопанската комора на Атина порача дека Македонија не може да стане дел од Европската Унија се додека покажува иредентистички тенденции кон Грција околу спорот за името.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција