-->
-->
Зошто бремените жени треба да имаат секс секој ден
-->
Зачнувањето на детето и дарот на мајчинството е најголемата радост што една жена може да ја доживее. Многу жени се задоволни од промените што ги доживува нивното тело во текот на бременоста.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/april/chetirieset-bremeni-zheni-vezhbaat-besplatno-joga-248170-114456.jpg?itok=MgB6rCyv)
Сепак, од друга страна за некои жени бременоста претставува товар кој мора да го носат. Едно е сигурно. Бременоста не е баш лесна. Имено, да се носи дете девет месеци може да биде прилично стресно.
Повеќето од жените веруваат дека тие не треба да имаат секс додека се бремени, но тоа не е точно.
Истражувањата покажуваат дека сексот за време на бременоста веројатно ќе биде најдобриот секс што некогаш ќе го имаат.
Зошто?
1. Го намалува крвниот притисок
Сексот за време на бременоста ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок. Окситоцинот, или попознат како хормон на љубовта, што се ослободува за време на сексот во голема мера го намалува стресот. Овој хормон ќе ви помогне да се ослободите од сите тензии. Треба да знаете дека сексот за време на бременоста ќе направи да се чувствувате посмирени и што е најважно ќе го намали ризикот од срцев удар.
2. Овозможува мирен сон
Како што е веќе познато за време на бременоста жените доживуваат многу непријатности како болки во грбот, често мокрење и многу непроспиени часови. После сексот заспивањето е многу полесно. Тоа е причината зошто сексот за време на бременоста е добар и придонесува за подобар сон.
3. Ја зголемува интимноста
Сексот за време на бременоста ја зголемува интимноста помеѓу партнерите. Многу мажи сметаат дека жените се доста груби во овој период и затоа избегнуваат да имаат секс. Сепак, ова не е точно. Вистината е дека во текот на бременоста ослободувањето на окситоцинот прави бремените жени да бидат повеќе наклонети и да нудат поддршка и доверба.
4. Ја намалува болката
Треба да се знае дека сексот за време на бременоста помага при намалување на болката. Одредени хормони како што се пролактинот и прогестеронот ќе го зголемат протокот на крв во карличната област и ќе ја зголемат чувствителноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година