Македонскиот туристички потенцијал на Саем за туризам во Тирана
Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам Mediteranian tourism fair ( MTF), што се одржа викендов во Тирана.

На панел дискусијата што се одржала во рамки на саемот „Регионална соработка во туризмот во контекст на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед“ директорката на АППТ Лела Крстевска ја истакнала суштината на меѓународната соработка во регионот и нејзината важност во име на одржливиот туризам.
- Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработка, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
