Рекорден број сообраќајки во Скопје, 25 лица завршија во болница
Дваесет и пет лица се здобиле со полесни повреди во 33-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Од евидентираните 10 сообраќајки во петокот, во три полесно се повредени пет лица, a седум незгоди се со последица материјална штета.
Во саботата, пак, се случиле 16 сообраќајни незгоди, при што во 11 несреќи полесно се повредени 16 лица. Во пет сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани седум сообраќајки, три со материјална штета, а четири со последица телесни повреди, при што полесно се повредени четири лица.
Сообраќајната полиција санкционирала 87 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 17 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, 56 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 105 биле непрописно паркирани.
Санкционирани се и 28 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и осум возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 96 непрописно паркирани возила.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко