ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дебата и обелоденување на сите работи кои ги прифатиле
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ не успеал во обидот за пуч, не успеал со прекршување на деловникот за работа на Собранието, законот и Уставот, да избере претседател на Собранието.
- СДСМ не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка платформата од Тирана. СДСМ сепак не се откажува од таквата своја намера, да формираат влада по волјата на Рама. СДСМ за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ сака да избере тирански претседател на Собранието и што побргу да воведе двојазичност на Македонија, двојазични униформи и банкноти.
- СДСМ се плаши од дебата и обелоденување пред граѓаните за сите овие работи кои ги прифатиле, а кои во крајна фаза ја имаат федерализацијата на Македонија. Граѓаните се гневни на ваквото однесување на СДСМ и се чувствуваат изманипулирано од СДСМ кој сака да им ја продаде државата. СДСМ наспроти себе ги има граѓаните на Македонија, кои си ја бранат својата држава, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово