Македонија
6. April 2017 - 19:32

СДСМ бара итен избор на претседател на собранието со потписите на десет пратеници

Пратениците од СДСМ, ДУИ и БЕСА се обидуваат преку државен удар во Собранието да формираат Влада која ќе ја прифати тиранската платформа обвинува ВМРО ДПМНЕ. По барањето од Оливер Спасовски со поддршка од  најмалку 10 пратеници да биде прекината третата точка и да преминат на избор на претседател на Собранието ВМРО ДПМНЕ обвини дека тоа е политичко насилство врз парламентот . Обидот да се одземе право на збор на пратеник пријавен за збор по точка за која се расправа е насилен упад во демократијата. СДСМ се обидува да замолчи 450 000 граѓани кои гласале на изборите за свои претставници во парламентот и час поскоро Зоран Заев да го испорача она што го ветил на албанските партии.

Денешната конститутивна седница заглави на процедурата. СДСМ постојано обвинуваше дека ВМРО ДПМНЕ ја кочи работата на Собранието, додека пак претседавачот Вељановски излезе со статистиката на потрошени минути од страна на пратениците на реплики, контрареплики и процедурални забелешки од кои најголем дел биле од СДСМ. ВМРО ДПМНЕ повторно побара лидерот на СДСМ и пратеник Зоран Заев да се изјасни пред електоратот дали ја  прифатил тиранската платформа.

Седницата по неколку паузи за координација меѓу политичките партии во парламентот продолжи со раправата за избор на претседател и членови на комисија за избори и именувања откако прецизирале дека деловникот не предвидува можност за гласање на предлогот на СДСМ. Седницата продолжува во понеделник.  Инаку кандидат за претседател на собранието од страна на ДУИ И СДСМ е пратеникот Талат Џафери.