-->
-->
Дејвис куп: Македонија и Малта ќе доиграат утре (1-1)
-->

Мечот во игра на двојки ќе го даде победникот на дуелот на тениските репрезентации на Македонија и на Малта во рамките на 1.коло од Европската зона што се игра во Созопол, Бугарија.
Водство на Македонија од 1:0 и донесе Димитар Грабул откако со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови) го победи Омар Судзука. Во вториот меч по голема борба Томислав Јотовски загуби со 2-1 во сетови (6:3; 3:6 и 6:2 во гемови) од Метју Асциак.
Во игра на двојки за Македонија настапуваат Грабул со Шендрит Деари против Судзука и Асциак. Мечот е прекинат во првиот сет поради дожд при резултат 4:4 во гемови. Мечот ќе продолжи утре.
Дождот и вчера беше причина за одложување на мечевите од првото коло. Според програмата денеска требаше се игра и мечот од 2.коло меѓу Македонија и Исланд, но одигрувањето на овој меч е неизвесно.
Во вториот меч од Б групата Исланд направи изненадување и ја победи Молдавија со 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
