Отворање на изложбата „АР 2016 / Young Art“ на млади косовски уметници
Во Националната галерија на Македонија - објект Мала станица вечер ќе гостува Националната галерија на Косово со изложбата „АР 2016 / Young Art“ - која е најдобар проект реализиран во Косово во областа на современата концептуална уметност. Делата на учесниците се избрани на натпревар за млади автори.
Тоа се: Агрон Блакчори (првонаграден), Бујар Сулејмани, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари и колективот HaveIt. Куратори на проектот се Луизим Зекири и Мехмет Бехлули.
Проектот е прогласен за најдобар затоа што е меѓу ретките изложби специјализирани за млади уметници до 40 години; организиран по светски стандарди и трендови и оценет од три независни комисии. Во комисиите членувале познати уметници, меѓу кои и Сисли Џафа, овогодишен претставник на Косово на Венециското биенале.
- Интересни, актуелни, ангажирани и интерактивни дела на сите пет претставници/учесници на оваа изложба вреди да се видат, да се проследат интересите на младата косовска сцена која полека но сигурна го зазема своето место на светската арт мапа, соопшти Националната галерија на Македонија за изложбата на чие отворање перформанс ќе има колективот HaveIt.
Ново на Сител
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија