Катица Јанева и формално ја презеде должноста специјален јавен обвинител

Новоизбраниот специјален обвинител Катица Јанева денеска даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и формално ја презеде новата должност.
- Им благодарам на сите политички и меѓународни фактори кои застанаа зад мојот избор за специјален јавен обвинител. Му благодарам и на Советот кој ме изгласа за специјален јавен обвинител. Денеска стојам пред вас сама, а за еден месец ќе ме видите со мојот тим позади мене како ќе ги преземеме случаите кои се во наша надлежност и ќе почнеме со работа, рече специјалниот јавен обвинител Катица Јанева по дадената свечена заклетва.
Таа посочи дека денеска нема да одговара на новинарски прашања, воопшто нема да одговара на телефонски повици и ги замоли новинарите да ја контактираат преку нејзината имеил адреса.
Советот на јавни обвинителите доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Јанева за специјален јавен обвинител, со што се испочитува крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.
Катица Јанева доаѓа на новата должност од местото обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, каде што работеше од 2003 година.
Родена е на 09.02.1965 година. Студирала на Правен факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосуден испит положила во 1996 година. Учествувала во повеќе проекти надвор од Македонина за борба против организиран криминал и корупција. Член е на работна група избрана од Здруженито на јавни обвинители на РМ за нацрт закон за јавна постапка. Работи и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
