Иванов ќе учествува на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 20. Евроазиски економски самит, што ќе се одржи во Истанбул.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на свеченото отворање на 20. Евроазиски економски самит, што годинава се одржува на тема „Човештвото на крстосница“, а ќе има обраќање и на претседателската сесија на самитот.
Ова е седмо учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум, што од 1998 година се организира секоја година. Годинава е најавено присуство на актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.
Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток. Фондацијата активно е вклучена во јакнење на економските врски, подобрување на регионалната соработка со цел да помогне во максимизирање на можностите што ги создава процесот на глобализација и минимизирање на неговите негативни ефекти.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија