Свет
3. April 2017 - 9:55

Во Колумбија запленети рекордни шест тони кокаин

Полицијата во Колумбија заплени повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што е досега најголема заплена на дрога во таа држава.

- Полицијата му зададе досега најголем удар на организираниот криминал бидејќи заплени 6.134 килограми кокаин во местото Баранкилја. Кокаинот бил наменет за Шпанија, соопшти полицијата.

Дрогата и припаѓала на криминалната група Заливски клан која ја предводи Даиро Антонио Узуга, моментно најбаран криминалец во Колумбија. Неговиот клан е составен од припадници на десничарски паравоени единици.