Шест млади македонски писатели на средба со читатели во Бугарија
Младите македонски автори Фросина Пармаковска, Вера Калин, Живко Грозданоски, Михајло Свидерски, Давор Стојановски и Петар Андоновски вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе имаат средба со свои читатели во Бугарија, откако нивни романи беа објавени минатата и оваа година.
- Со нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата македонска литература доживува вистински бум, како во Македонија, така и надвор од нејзините граници. Нивните книги се читани и преведувани. Деновиве излезе од печат и романот „Годишни времиња" од Јулијана Величковска, наскоро претстои издавање и на други двајца автори од младата генерација писатели - Ненад Јолдески и Игор Станојоски, соопшти КИЦ на Република Македонија во Софија.
Авторите што ќе бидат претставени веќе имаат неколку објавени дела, а во ова пригода во фокусот се романите кои им се преведени на бугарски јазик: „Вишновата хроника" на Пармаковска, „Безимената месечева соната" на Стојановски, „Очи со боја на чевли" на Петар Андоновски, „Куфер за тројца“ на Гроздановски, „Бездомникот со златен часовник“ на Вера Калин и „Бело и црвено“ на Свидерски.
На книжевната вечер со младите македонски автори ќе се обратат книгоиздателот Пламен Тотев, преведувачот Тања Попова и директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Васко Шутаров. Извадоци од романите на бугарски јазик ќе чита Ѓорги Георгиев-Антика.
Претставувањето на младите автори е иницирано од Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и финансиски поддржано од Министерството за култура. КИЦ информира и дека во рамки на неговата годишна програма ќе бидат промовирани уште неколку изданија на наши автори во Бугарија, меѓу кои и дела на академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова.
Ново на Сител
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
-
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-
Облачно и топло, попладне врнежи од дожд
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција