Академик Луан Старова одликуван со орденот Легија на честа

Академикот и писател Луан Старова е одликуван од претседателот на Република Франција со ореденот Легија на честа. Тој е носител и на високото француско одликување Командант на уметностите и книжевностите oд 2000 година.
Овие одликувања му се доделуваат на академикот Луан Старова за неговиот голем придонес во развојот на француско-македонските односи во периодот кога Старова бил прв амбасадор на Република Македонија во Франција, за подоброто разбирање на регионот во критичниите години на последната декада на минатиот век.
Старова предизвикал посебно внимание во француската култура и книжевна јавност со започнување на објавување на неговата балканска книжевна сага, кај издавачот „Фајар“’ и која француската книжевна критика ја вброи во редот на ,,големите европски романи’’, денес објавувана на дваесетина јазици во светот.
Старова е член на Европската академија, редовен на Македонската академија на науките и уметностите, член на Медитеранската академија од Неапол, почесен член на Албанската академија на науките, како и член на научното друштво ,,Лајбниц’’ од Берлин.
Ореденот Легија на честа на академикот Старова ќе му биде предаден во Скопје на 11 април 2017.
Ново на Сител
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
