Кривични пријави за три бугарски државјанки за кражби
Полицијата поднесе кривична пријава против три бугарски државјанки за кражби на муштерии во продавници во трговски центи во Скопје, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 135.000 денари. На две од пријавените судија на претходна постапка им одреди притвор од осум дена, а третата која е малолетна е протерана со двегодишна забрана за влез во Македонија, соопшти денеска МВР.
Кривичната пријава е поднесена против Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67) и едно лице на возраст од 17 години. Кривичните дела ги извршиле на 23-ти, 24-ти и 25-ти минатиот месец, во три бутици во три трговски центри во Скопје. Притоа сите се извршени на идентичен начин, искористувајќи го невниманието на оштетените, малолетничката со протнување рака во нивните ташни кои ги носеле на рамо им ги крадела паричници, додека Н.Е.И. чувала стража, а Р.Д.Г стоела надвор и со неа ги делеле парите.
Од страна на Полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, преземен е видео материјал од безбедносните камери поставени во бутиците. На 25-ти минатиот месец околу 15,00 часот на ул. „Никола Карев“ во непосредна близина на Транспортниот центар – Скопје малолетничката и Н.Е.И. биле забележани од полициски службеници и биле приведени. Во Полициската станица Центар бил извршен разговор со Н.Е.И и притоа таа го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела и посочила дека Р.Д.Г со автобус веќе се упатила кон граничен премин Деве Баир. Со телеграма биле известени службениците на ГП Деве Баир, по што автобусот со кој патувала осомничената бил запрен, а таа проведена.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје