Ако се разбудите среде ноќ никако не станувајте од креветот
Нема ништо полошо да се разбудите во сред ноќ и да го изгубите сонот. Често се случува повеќе да не можете да заспиете после будењето, дури иако се обидете да се натерате на тоа.
Експертот за сон и спиење др. Мајкл Бројс советува дека две работи не треба да се прават доколку се разбудите во сред ноќ. Еден од најпознатите експерти на светот вели дека никогаш не треба да станете од креветот, освен ако не морате, дури ниту во тоалет. Поточно, тој советува дури да не ги отвораме очите.
Лекарот тврди дека, доколку одете во тоалетот, а не чувствувате голема потреба или само одлучите да седнете на креветот, бројот на отчукувањата на срцето расте и тешко дека повторно брзо ќе потонете во сон. Тој советува доколку сте будни, да не гледате во часовникот или да го земате мобилниот.
Наводно, доколку погледнете на часовникот вашиот мозок ќе се вознемири и ќе потпадне под стрес, а тоа се две ситуации во кои се чувствувате многу лошо и ви одземаат при обидот да заспиете. Затоа препораката на лекарите е кога ќе се разбудите во сред ноќ, да останете да лежите и што помалку да ги отворите очите.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата