Меѓународната коалиција против ИД во Ирак го убила шефот за пропаганда на групата

Меѓународната коалиција против Исламска држава соопшти дека во воздушен напад во западен Ирак ги ликвидирала шефот за пропагандата на групата и неговата екипа, пренесоа француските медиуми.
- Ибрахим ал Ансари беше важна фигура во ИД, кој учествувал во работата на регрутирање странски борци и нивно поттикнување кон терористички напади со ножеви или напади со автомобили во западните земји, изјави портпаролот на коалицијата, полковник Џо Скрока.
Воздушниот напад бил изведен во реонот Ал Каим, на 25 март, прецизира тој.
Во нападот, во кој биле убиени уште четворица џихадисти, била уништена „вистинска мултимедијална екипа“ на ИД, изјави друг претставник на Пентагон, кој посакал анонимност.
Пропагандата имала за цел, исто така, да „обработува“ малолетни деца, на начин што ги навикнувала на жестоките методи со кои групата се служела, дополни истиот извор.
Ал Каим се наоѓа во западен Ирак, во долината на реката Еуфрат, на границата со Сирија.
Според Пентагон овој реон од долината може да се претвори во последното убежиште за ИД по нивното протерување од ирачкиот град Мосул и сирискиот бастион Рака.
Ново на Сител
-

Интер ја победи Аталанта и се искачи на првото место во Серија А
-

Кина почна нови воени вежби околу Тајван
-

Германскиот министер за животна средина за забрана на електронските цигари
-

Герасимовски: „Вечер под ѕвездите“, предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз
-

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
-

Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
