Проект за домување на ромската заедница во Кичево
Кои проблеми ги засегаат Ромите од Кичево во делот на домувањето, треба да покаже прашалникот кој е дел од проектот „Домување - чекор напред кон подобра иднина на ромската заедница“.
Според координаторот на проектот Идавер Реџепоски, прашалникот беше спроведуван 30 дена во населби каде што живеат Роми.
Проектот го имплементираат здруженијата Национален ромски центар од Куманово и Авена од Кочани, а подизведувач е организацијата на ромската младина „Бела кула“ од Кичево. Финансиран е од ЕУ и ќе трае шест месеци, од 15 јануари до 15 јули 2017 г.
Предвидено е организирање три информативни работилници за лица кои имаат проблем со домувањето. Ќе присуствуваат претставници од институции на локално ниво со цел изнаоѓање решение и надминување на проблемот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата