Врие полиција во Мала Речица, еве што открија при претресот
Поголема количина сомнителна зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, и таблети екстази открила полицијата при вчерашниот претрес во куќата и помошните простории на Љ.Ц. (33) во тетовска Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Претресот за што имало соодветна судска наредба бил спроведен во периодот од 18 часот и 30 минути до 19 часот и 30 минути.
- При тоа во приземјето од куќата била пронајдена кеса со непозната тревкаста материја најверојатно марихуана чија количина дополнително ќе се утврдува, додека во комода и дигитална вага со зелени остатоци на неа. Во три помали кеси обвиткани со целофан биле пронајдени вкупно 131 таблета екстази со различна форма и големина. Се што е пронајдено е одземено со потврда за понатамошна постапка, додека Љ.Ц. е однесен во полициската станица во Тетово од каде по извршениот разговор бил пуштен, рече Јосифовски.
По расчистување на сите поединости и во соработка со јавниот обвинител против Љ.Ц., како што додаде портпаролот на СВР Тетово, ќе биде поднесен соодветен поднесок во редовна постпка.
Ново на Сител
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата