-->
-->
Дерозан повторно реализира 40 поени
-->
Предводени од Демар Дерозан, кој втор натпревар во низа постигнува 40 поени, екипата на Торонто оствари победа на гостувањето кај Мајами со 101:84 во еден од петте натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата.
Сан Антонио повторно се мачеше со Мемфис. Но, за разлика од претходните два меча кои ги загубија, овојпат „Спарси“ забележаа победа со 97:90. Олдриџ со 23 поени и Леонард со 19 поени беа најефикасени во победничката екипа.
Најнеизвесно беше во Далас, каде домаќините по голема битка го совладаа тимот на ЛА Клиперс со 97:95.
Убедлива победа забележа тимот на Бруклин кој со 126:98 го совлада Феникс.
Портланд останува со надеж за влез во плеј-офот откако пред своите навивачи го совлада Њујорк со 110:95. Демиен Лилард со 30 поени беше најефикасен во екипата на Портланд која во моментов е девета на „Западот“.
Пласман Источна конференција: Кливленд 46-24 (победи-порази), Бостон 46-26, Вашингтон 43-28, Торонто 43-29, Атланта 37-34, Милвоки 36-35, Индијана 36-35, Мајами 35-37,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 57-14, Сан Антонио 55-16, Хјустон 49-22, Јута 44-28, ЛА Клиперс 43-30, Оклахома Сити 41-30, Мемфис 40-32, Денвер 34-37, Портланд 33-38...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица