Ципрас: Грција ќе има или прогресивна или конзервативна влада

Лидерот на Сириза Алексис Ципрас ја повтори својата увереност дека Грција ќе има влада на денот по изборите, додавајќи дека еднопартиско мнозинство може да се постигне, јави дописникот на МИА од Атина.
За време на синоќешната телевизиска дебата на ЕРТ со лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис, Ципрас истакна дека ќе го почитува резултатот од изборите и ќе се обиде да се создадат услови за формирање на нова влада, но не со прифаќање коалиција со Нова демократија.
- Или ќе има прогресивна влада или конзервативна влада, рече Ципрас, истакнувајќи дека ќе има можност да соработува со Независни Грци.
На прашање во врска со пензиите и пратеничките привилегии, Ципрас рече дека неговата влада во парламентот предложи нацрт-закон, но немало доволно време да се гласа. Тој, сепак, додаде дека не може да постои привилегија за политички систем и оти тоа е нешто за кое двете главни партии можат да се договорат, без да бидат во коалициска влада.
За пензиските реформи, лидерот на Сириза рече дека неговата влада водеше „многу тешка битка“ за да ги зачува пензиите. Тој го опиша ова прашање како „темпирана бомба“ коментирајќи ја одлуката на коалициската влада на НД и ПАСОК да извадат 25 милијарди евра од пензиските фондови.
- Имаме план за реформи кои ќе ги штитат слабите, рече тој, додавајќи дека не смее да има различен третман меѓу луѓето и нивните претставници, потсетувајќи дека тој наредил да се изготви закон „со кој се одземаат низа привилегии на политички персонал“.
Ново на Сител
-

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Се намалува матноста на изворот Шум, водата во Струга и понатаму забранета за употреба
-

Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит
-

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смее да јаваат магариња на Санторини
-

Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
