Жена и дете повредени при судир со бегалски камп на Хиос

Жена и дете се повредени при судири меѓу авганистански и алжирски мигранти, кои ноќеска се случиле во бегалски камп на грчкиот остров Хиос. јави дописникот на МИА од Атина.
Според електронското издание на весникот „Катимерини“, жената и детето се хоспитализирани. Други детали не се соопштуваат.
Судирите почнале околу полноќ кога група од дваесетина Авганистанци се движеле низ кампот „како да го поседуваат“ и го напаѓале секој Алжирец кој ќе им го пресечел патот.
Според извештајот, нападот следувал по инцидентите кои претходно во текот на денот се случиле меѓу двете групи, што довело до заклучок дека синоќешниот судир бил оркестриран напад.
Судирите траеле околу 20 минути, додека не дошла полиција за справување со нереди. Напаѓачите се разбегале по улиците околу кампот и полицијата не уапсила ниту едно лице.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
