Дeнеска е Светски ден на среќата
Светскиот ден на среќата се одбележува на 20 март, согласно Резолуцијата 66/281 на Генералното собрание на Обединетите Нации, усвоена на 28 јуни 2012, во која се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот.
Според документот, среќата треба да биде цел на државната политика и да стане компонента на покомплексен, поправеден и балансиран економски раст, што пак, значи постојан развој, искоренување на сиромаштијата и обезбедување среќа.
Идејата за Денот на среќата потекна од Бутан, кој со цел пресметување и подигнување на нивото на благосостојба на нацијата, во 1972 го воведе показателот бруто национална среќа. Според тогашниот бутански крал Џигме Сингај Вангчук, стандардните макроекономски показатели не може прецизно да го одразат нивото на благосостојба во земјата.
Бруто националната среќа се пресметува по специјален метод врз основа на показатели, како што се ефективноста на власта, социјална правда, грижа за околината, негување на културното и духовно наследство.
Од февруари 2016, во Обединетите Арапски Емирати е воведена функцијата државен министер за среќа, а од јануари 2017 и во индиската сојузна држава Мадхија Прадеш. си/сп/08:27
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО