Македонија
16. March 2017 - 13:49

Изгоре БМВ во подземна гаража во Козле

Вчера во 13.35 часот од ЕИК Скопје било известено дека околу 06.00 часот во Скопје, на ул. „Прашка“ во подземна гаража настанал пожар, при што било опожарено патничко моторно возило „БМВ 7“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.Т. од Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Возилото ќе биде пренесено во кругот на МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.