Злато вреди: Цеца од крштевка доби не само евра туку и ваков необичен подарок
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ доби ружа вредна 30.000 евра.
Овој необичен подарок Цеца ја дочека во Копенхаген, каде беше ангажирана да пее на крштевската на ќерката на еден српски бизнисмен.
Инаку овој богат Србин кој со години успешно работи во Данска не ги жалел парите за да ги исполни желбите на своето семејство на крштевката на најмладиот член да им пее Џеца. Инаку на истата веселба, освен неа пееле и Шабан Шаулиќ, Александра Пријовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Љуба Аличиќ, Јана и др,
-Будејќи Цеца беше специјална гостинка, за неа богаташот обезбеди посебен апартман и превоз. На персоналот во неговиот хотел каде била веслебата, им било кажано дека на Цеца ништо не смее да и фали па неколку келенери ја служеле додека седела со колегите. Бизнисменот сакал нешто автентично да и подари на Цеца. Со денови смислувал што вредно да и подари, а да не е дегутантно. Еден од деловните партнери му дал одлична идеја, а тоа е златна ружа, вели извор близок до домаќинот.
-Отиде во една од најдобрите златари во Данска и порача ружа во природна големина излиена во злато, и тоа не обично, туку 24-каратно.
Бизнисменот барал латиците, листовите и дршката од ружата да бидат полни, а не шупливи и залиени. Затоа подарокот за Цеца бил тежок неколку килограми. Иако Цеца во текот на кариерата има добиено еден куп дарови, сепак се воодушевила од овој вреден подарок.
Домаќинот подароци им дал и на другите пејачи што присуствувале на веселбата, но не такви како на Цеца. Извор вели дека Шабан и младата Александра Пријовиќ цела ноќ гледале во ружата во воодушевување.
-Не беа љубоморни, само ги интересираше како е изработена ружата, на која секој детал бил направен со големо внимание. Домаќините и гостите пејачите цела ноќ ги кителе со пари, а најмногу Шабан и Цеца. Додека на Шабан на чело му лепеле пари, на Цеца во рака и ставале банкноти од по 500 евра. Кога ја запеала песната „Кукавица“, бизнисменот ги испразнил џеповите, вели изворот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата