-->
-->
Јолевски: Односите меѓу Македонија и Турција пример за соработка во регионот
-->

Република Турција дава силна поддршка на Република Македонија од денот на прогласувањето на независноста, а Република Турција во сите меѓународни комуникации го користи уставното име на Република Македонија и е единствена држава што става забелешка во сите документи на НАТО дека ја признава нашата држава под уставното име.
Ова го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната прослава во Битола посветена на турскиот реформатор Кемал Ататурк и промоцијата на двотомното издание „Турско-македонските односи низ историјата“.
Во своето обраќање Јолевски пособено го нагласи заедничкото учеството на македонски и турски офицери во командата во Кабул како најдобар доказ за квалитетот на соработката и односите меѓу армиите на двете држави.
- Приоритет на надворешната политика на Република Македонија е членството во НАТО и ЕУ и во таа смисла Република Турција дава безрезервна поддршка на нашите аспирации да бидеме членки на Алијансата. На овој начин Западен Балкан ќе биде побезбеден и посилен. Лидерството на Турција е многу значајно и ние сме им благодарни за тоа лидерство, нагласи министерот Јолевски.
Тој обраќањето го заврши со пораката на Кемал Ататурк - „Мир во земјата, мир во светот“, која, како што рече, е водилка за зачувување на глобалниот мир и безбедност и зајакнување и усовршување на просперитетната иднина на народите и заедничкиот соживот во регионот и во светот.
На свечениот настан во Битола за македонско-турските мостови на соработка и за делото на Кемал Ататурк и неговото образование во Воената школа во овој град говореше и турскиот генерал Сулејман Евдизмант. Тој притоа истакна дека изборот на Битола бил затоа што градот бил врата на османлиската империја, која се отвора кон Запад.
- Културната клима во градот и образованието во Воената гимназија имаат голема улога при формирањето на национално-историската свест кај Мустафа Кемал Ататурк, и токму во Битола се соочува со чувството за грижа кон татковината. Кемал Ататурк во Битола се стекнал со образование кое се однесува на се за татковината и тоа во него остава длабоки траги, рече меѓудругото гостинот од Турција, гнералот Евдизмант.
Пред аудиториумот во Битола беше промовирана и публикацијата „Турско-македонските односи низ историјата“ во чија изработка се вклучени уредниците од Турција Шахин Кујучу, Резан Нунал, Озлен Демиреген и Ахмет Чалишка, додека од Македонија во подготвувањето на публикацијата учествуваа Владо Поповски, Ристо Дамјановски и Александар Стојчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања