Нова прогноза наУХМР: Снег во Крушево, Лазарополе и Маврово, студеното време се враќа
Снежна покривка до изутрина (во см.): 11 Крушево, 9 Лазарополе, 6 Маврово, 3 Охрид, 2 Дебар и Претор и 1 во Тополчани.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 1 Тополчани, 2 Маврово, Прилеп, Берово, Претор, 4 Кр. Паланка, 5 Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Дебар.
Времето денес (13.03 2017 год.): Променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за проврнување на слаб локален дожд, на планините со слаб локален снег. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер, наместа ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време. Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, а на планините со слаб снег. Ќе има и сончеви периоди. Температурата на воздухот ќе биде во благо покачување, а за викендот се очекува затоплување. В черврток и в петок ќе дува умерен повремено силен северен ветер особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Ново на Сител
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО