Асад: Сириската армија е многу близу до Рака

Сириските владини сили се многу близу до градот Рака, кој важи за престолнина на т.н. „Исламски Калифат“ што го прогласи џихадистичката група Исламска држави (ИД), и нивни приоритет е негово освојување, изјави претседателот на Сирија, Башар Асад во интервју за кинеската телевизија „Феникс“.
Освојувањето на Рака би имало стратешко значење и голема психолошка предност за сириските владини сили во шестгодишната Граѓанска војна во Сирија, имајќи предвид дека и бунтовничката коалиција Сириски демократски сили, која е поддржана од САД, исто така има амбиции да ја преземе контролата врз градот.
Осврнувајќи се на информациите за распоредување на американски сили во северниот сириским град Манбиџ, Асад изјави дека сите странски војници што се наоѓаат во Сирија без покана или одобрение на властите во Дамаск, ќе се сметаат за окупатори.
- Ние ова прашање ќе го разгледаме како интервентно, независно дали станува збор за сили на Турција, САД или некои други држави, посочи Асад во интервјуто.
Како што јави ТАСС, Асад натаму нагласи дека теоретски е можна соработка меѓу сириската Влада и Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, но дека засега Дамаск во политиката на САД не гледа никакви конкретни чекори во борбата против тероризмот, освен празна реторика.
- Тероризмот не може да биде победен со операции од локален карактер. Потребна е сопфатна акција. Активностите на Русија се покажаа како успешни, затоа што нејзиното Воено воздухопловтсво ја поддржува копнената офанзива на сириската армија, изјави Асад.
Тој нагласи дека засега нема никакви официјални контакти меѓу Сирија и САД, додавајќи дека „органичените напади врз терористите од ИД“, американските сили ги спроведуваат без соработка или консултации со сириската Влада.
- Тоа е противзаконски, порача Асад во интервјуто за кинеската текевизија „Феникс“.
Ново на Сител
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
