Голем број лица заболени од варичела во Крива Паланка и Ранковце
Од октомври лани до февруари годинава на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце биле регистрирани 164 лица заболени од овчи сипаници.
Според податоците од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба при Центар за јавно здравје, Крива Паланка, бројот на регистрирани случаи со ова вирусно заболување сезонава е речиси неспоредлив со истиот период 2015/2016 година.
- Во периодот од октомври 2016 година до крајот на јануари 2017 бројот на регистрирани лица со варичела изнесува 164 лица, додека минатата сезона биле евидентирани само четири лица. Во октомври лани се регистрирани 14 лица, додека растејќи од месец во месец, во јануари таа бројка беше 72. Како резулатат на ова, на крајот од јануари прогласивме епидемија на територијата на Крива Паланка. Најголем број од лицата беа ученици на возраст од 7 до 19 години од основните училишта, но беа регистрирани и заболени во предучилишните установи, информира доктор Елена Крстевска од хигиенско епидемиолошката служба во Крива Паланка.
Според Крстевска, тоа се должи на релативно краткиот период на изолација на заболените лица, кои според нивните информации останувале 2-3 дена во домашни услови од појавата на заразата, што претставува потенцијален ризик –фактор за другите ученици кои не прележале сипаници.
- Децата кои се заразиле со сипаници мора да бидат изолирани во домашни услови најмалку десет дена од појавата на осипот, се до негово целосно отстранување. Ваква препорака со укажувања, како превентивна мерка, беше доставена до сите училишта, со цел да се спречи понатамошното ширење на заболувањето. Ова заболување пројавува општи симптоми една до три седмици пред појавата, а треба при први симптоми да се консултира матичен лекар, за да се потврди или исклучи варичела, истакна Крстевска.
Варичелата е високо-заразно заболување кое се пренесува по аеро-капков пат и избегнувањето контакт со останати лица во периодот со осип е добра превентива.
- Издадените препораки имаа ефект, бројот на заболени лица, регистрирани како варичела во февруари е висок, но опаѓа во однос на јануари и ние продолжуваме да ја следиме епидемиолошката состојба на варичела на територијата на двете општини, наведе Крстевска.
Ново на Сител
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка