-->
-->
Ин мемориам: Почина познат македонски архитект, автор на најубавите градби во Скопје
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2017/march/dafd.jpg?itok=PmDYiuQc)
Професор архитект Славко Брезоски е претставник на повоената генерација македонски архитекти. Неговото авторско присуство е одбележано во знакот на Модерната која ќе биде печат на македонската продукција во наредните неколку децении. Учеството на Брезоски е видливо во сите домени на архитектонското творење: проектирањето, едукацијата, истражувањето и публицистиката. Неговиот архитектонкси опус го сочинуваат многурбојни проекти и реализации, во широк програмски дијапазон и со разнообразен архитектонски израз.
Меѓу позначајните негови остварувања се објектите: Соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Стоковна куќа и Комунална банка во Скопје, Работнички дома (Дом на синдикати) во Скопје, амбасадата на СФРЈ во Бразилија (Бразил), хотел „Славија“ на Попова Шапка, хотел „Неда“ во Галичник, спомен дом на Шамарица во Хрватска и многу други.
Добитник е на први награди на повеќе домашни и меѓународни архитектонски конкурси.
Покрај други општествени и стручни признанија, носител е на наградите: „11. Октомври“ на Република Македонија,„13. Ноември“ на град Скопје, наградата за животно дело и особени достигувања од областа на архитектурата и градителството „Андера Дамјанов“, Признание за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Македонија од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Комеморативната седница ќе се одржи во петок на 10. 03. 2017 година со почеток во 11:00 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје, а погребот е закажан во сабота 11. 03. 2017 година во 11:30 часот на градските гробишта во Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција