Бизнис
7. March 2017 - 21:13

Надлежните ретко постапуваат по препораките од ревизорот

Ревизорот констатира како се трошат јавните пари,  но забелешките и препораките од него ретко кој ги применува. Од Центарот за економски анализи  велат дека и речиси никој не ги чита ревизорските извешатаи. Затоа, во наредните 18 месеци ќе се утврдува колку медиумите  и пратениците во Собранието ги анализираат  и колку истите имаат доверба во ревизорите

Според Николов неопхеден е политички консензус за повеќе да се дебатира за извешатите во Собранието.

Ревизорот  има задача навремено да ја информира јавноста, Владата и пратениците за трошењето на јавните пари. Со законски измени тој може да добие извршна функција. Како пример беше посочен ДЗР во Словенија каде што ревизорите без судски налог можат да влезат во банка и да ги разгледуваат сметките на правните субјекти.