Жените побројни и подолговечни во Македонија
Од вкупниот број на население во Македонија, 49,9 проценти се жени. Тие живеат 3,9 години подолго од мажите, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената.
Според објавените податоци, во 2015 година имало 282.078 вработени жени, а од нив 76,3 проценти биле вработени во компании во приватна сопственост. Над 95 проценти од вработените жени се вработени со цело работно време.
Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 57,1 процент, како и бројот на жени магистри односно 58,6 проценти. Во Македонија во 2015 година имало 143 жени доктори на науки.
Најчесто жените во Македонија се одлучуваат да раѓаат по едно или по две деца, а најчесто женско име е Марија.
Во однос на слободното време податоците покажуваат дека вработените жени во текот на денот поминуваат 15 проценти на слободни активности, а невработените жени 21 процент.
Од сите домашни активности на жените, 16 проценти отпаѓаат на чистење на станот, а просечно дневно поминуваат по 1 час и 50 минути во гледање телевизија. Оние жени кои имаат деца трошат по 1 час и 57 минути на нивно згрижување.
Во руралните средини жените просечно дневно поминуваат по 2 часа и 16 минути на забава и култура, додека жените во руралните средини на овие активности трошат по 1 час и 13 минути. По 1 час и 41 минута се поминуваат и во шетање на домашни миленици.
Ново на Сител
-
Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите