Албанскиот претседател во посета на Прешево и Бујановац

Албанскиот претседател, Бујар Нишани денеска ќе ги посети општините Прешево и Бујановац во јужниот дел на Србија.
Како што јави дописникот на МИА, во двете општини освен со локалните власти и претставниците на политичките партии на Албанците, ,Нишани ќе се сретне и со просветните работници, по повод 7 март - Денот на албанските учители.
Во фокусот на средбите ќе биде положбата на Албанците во јужна Србија и почитувањето на нивните права, посебно во образованието на албански јазик и култура.
За дочек на албанскиот претседател Прешево и Бујановац се украсени со албански национални знамиња, а поставени се и билборди на кои пишува „Добре дојдовте, престедателе“.
Политичките лидери на Албанците од јужна Србија, посетата на Нишани ја оценија како историска.
Политичкиот лидер на некогашната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (УЧКПМБ) и актуелен претседател на Советот на општина Бујановац, Јонуз Муслу вели дека „се оствариле нивните соништа“.
- Конечно се остварија нашите соништа. Доаѓањето на Нишани во Бујановац и Прешево има огромно значење. Тоа е историска посета, посета на милениумот, бидејќи овој век ќе биде век на Албанците, изјави Муслиу, кој во исто време е и претседател на Националниот совет на Албанците во Србија.
Тој додаде дека „за Албанците во Прешевската Долина, претседател е Нишани, а не Томислав Николиќ“ и оти Нишани „не го дочекуваат како претседател на Албанија, туку како претседател на сите Албанци“.
Нишани е прв албански претседател по 69 години кој доаѓа во Србија, по посетата на Белград на тогашниот претседател на Албанија, Енвер Хоџа во 1948 година.
Ново на Сител
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
