-->
-->
Србија во шок: Загина поранешна пратеничка
-->

Поранешната пратеничка во војводинскиот парламент Нада Бодрожиќ (54) почина во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила на патот Сириг-Нови Сад, а според информациите на српските медиуми Нада управувала со возилото со кое излетала од патот.
-Загина во сообраќајна несреќа, изјавил нејзиниот адвокат Милан Давиќ.
Се претпоставува дека таа управувала со своето возило, но причините за несреќата се испитуваат. Таа требаше на 16 март да присуствува на судењето во процесот за смртта на нејзината ќерка.
Српските медиуми пишуваат дека Нада вчера, како и секоја недела, била на гробот на нејзината ќерка во Сириг, па отишла на ручек кај пријатели по што заминала дома за Нови Сад. Таа починала на лице место вчера, а нејзиното тело било пронајдено рано утринава.
Бодрожиќ беше пратеничка од Демократската партија во минатиот состав на парламентот, но и мајка на трагично починатата Ивана која во 2014 година беше пронајдена мртва во „Хајат“. Официјалната истрага утврди дека во нејзината крв имало кокаин и анестетик пропофол, но нејзината мајка повеќе пати во медиумите тврдеше дека таа не се самоубила, како и дека била во врска со сопственикот на „Пинк“ Жељко Митровиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
