ВМРО-ДПМНЕ: На изборите граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, не за Тиранската платформа

Точките од Платформата кои се прифатени од страна на Зоран Заев и СДСМ под уцена да формираат Тиранска влада во Република Македонија, се однесуваат на промена на името, оценува ВМРО-ДПМНЕ и повторно му нуди на Заев поддршка за влада доколку ја отфрли „Тиранската платформа“.
- На изборите кои поминаа, граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, а не за Тиранската платформа. Недозволиво е Тиранска платформа да стане услов за формирање Влада во Република Македонија. Таа Влада би била Тиранска Влада. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ја свиткаат кичмата, да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ги променат името на државата, химната, знамето, банкнотите, униформите, написите, стои во соопштението.
Од партијата прашуваат дали граѓаните се подготвени за редефинирање, кантотнизација, федерализација, промена на име, знаме и химна на Република Македонија по цена на формирање Тиранска Влада.
- Зоран Заев и СДСМ се уценети да ја прифатат Платформата и да формираат Тиранска влада. Единствено решение и одговор на сите прашања ќе може да се добијат на нови предвремени парламентарни избори, отфрлајќи секакви Платформи од туѓи држави. Заев прифаќа дури и Тиранска влада се по цена да го возобнови режимот на СДСМ кој граѓаните добро го паметат. Режим кој значеше криминал, затворање фабрики, бркање на улица 200.000 граѓани, шверц, неразјаснети убиства, накит со државни пари, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваат Заев и СДСМ да ја отфрлати понудата доколку имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија и повторно нудат поддршка за влада која, велат, нема да биде тиранска.
- Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат Влада каква што сакаат и која нема да биде Тиранска влада и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку Зоран Заев и СДСМ не ги отфрлат уцените. ВМРО-ДПМНЕ чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“. Заради почитта кон нив и нашата стратешка определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси, нагласуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Лани куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, деловен простор за 6,8 милиони евра
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
