Бујар Нишани ќе ја посети јужна Србија за да се запознае со правата на локалните Албанци

Албанскиот претседател, Бујар Нишани, на 7 март ќе ја посети јужна Србија за да се запознае со положбата на тамошните Албанци, за кои, согласно албанскиот Устав, треба да се грижи, соопшти претседателот на локалниот национален совет на Албанците, Јонуз Муслиу, цитиран од Танјуг.
-Нишани ќе има серија средби со албански претставници, но не и со претставници на официјален Белград, рече Муслиу.
„Тој доаѓа да ги посети Албанците, затоа што во Уставот на Албанија пишува дека албанската држава треба да ги штити сите права на Албанците“, кажа Муслиу.
Запрашан што тоа точно значи, Муслиу одговори дека станува збор за положбата на Албанците во Прешевската долина (во јужна Србија), кои, според него, се дикриминирани.
-Нишани е запознат со се, но сака и сам да ја испита ситуацијата: дали се почитуваат нашите симболи, како и од што учат нашите деца, има ли слобода на движење и дали се почитуваат сите наши права, рече Муслиу.
Тој додаде дека со албанскиот претседател ќе разговараат и за Заедница на албански општини, што е своевиден одговор на се уште неформираната Заедница на српски општини во северно Косово.
Муслиу изјави дека претстојната посета е „важна и затоа што значи дека дојде време проблемите на Албанците од Прешевската долина да се најдат во прв план и за државата Албанија“.
Ново на Сител
-

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
-

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки
-

Кац: Не ни треба ничие одобрение за Израел да остане во Либан
-

СП 2026: Стартуваат четвртфиналните пресметки
-

Иран: Во американските напади загинаа 14 луѓе, а 78 се повредени, и покрај примирјето
-

Тројца функционери од „Вреди“ спречени да влезат во Албанија на ГП Ќафасан
-

Во напуштен подрум во Аеродром пронајдени халуциогени печурки, екстази, марихуана и бела грутчеста материја | ВИДЕО
-

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата
