Гаук: Трамп става на ризик се што заедно постигнаа САД и ЕУ

Германскиот претседател во заминување Јоаким Гаук, кој наскоро ќе биде наследен од Франк-Валтер Штајнмајер, во интервју за „Шпигел“ остро го критикува американскиот колега Доналд Трамп, обвинувајќи го дека го става на ризик се што досега заедно постигнале САД и ЕУ.
- Многу ме загрижува што американскиот претседател ги става под знак прашалник работите што генерации Американци и Европејци ги постигнаа заедно, вели Гаук, осудувајќи го Трамп затоа што голем број на медиуми ги смета за непријатели на американскиот народ.
Според Гаук, како што јави дописникот на МИА од Берлин, ваквиот однос на Трамп и нанесува штета на демократијата.
Овој поранешен свештеник, кој се откажа од втор мандат како шеф на германската држава поради старост, смета дека многу од луѓето што го почитуваат законот во САД нема да заборават како Трамп се однесува со своите замислени противници.
Според Гаук, САД веќе не се модел по кој треба да се однесуваат другите држави.
Пред изборот на Трамп за претседател на САД, Гаук изјави дека неговата евентуална победа ќе донесе непредвидливи работи.
Наследникот на Гаук, екс-министерот за надворешни работи Штајнмајер, исто така важи за политичар кој јавно и отворено ги критикува политиките и потезите на Трамп.
Ново на Сител
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
