Џет-Сет
11. September 2015 - 22:58

Сите го знаеме уште од првата вечер - Која е вистината за Ервин?

Иако сите го запознаа како „главниот актер" во секс сцените во Големиот Брат, босанските медиуми напишаа и за другата помалку позната страна на Ервин од Сараево кој е мирно момче, кое води здрав живот и се занимава со спорт. 
 
Медиумите деновиве секако пишуваат за сексот кој падна во реалното шоу, и секако неговата врска со Стефани, но многу малку се кажа и се пишува за неговиот живот. Ервен некогаш се занимавал со фудбал. Бил голман на младата селекција на Сараево со која и се прославил, но решил да ја остави оваа активност и да дојде во шоуто.
 
Тој во неколку наврати во Големиопт Брат изјави дека не е лошо момче кое само ја искористило Стефани и дека има чувства кон неа. И станарите имаат само пофални зборови за него, па дури беше избран за најфин станар на куќата.
 
Се што се случува во куќата можете да следите секој ден на Сител Телевизија.