Унгарија започна со изградба на втора ограда на границата со Србија

Унгарија почна да ја гради втората ограда на границата со Србија, со цел да го запре мигрантскиот бран во земјата, потврди денеска портпарол на унгарската Влада.
Властите во Унгарија веќе изградија ограда долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година, а втората ограда, според нив, е потребна бидејќи оваа година се очекува поголем број мигранти да пристигнат до унгарската граница.
Шефот на кабинетот на унгарскиот претседател, Јанош Лазар изјави минатата недела дека Владата издвоила 130 милиони долари за изградба на ограда и кампови за мигранти.
Тој тогаш најави дека втората ограда, која засега ќе биде само на српско-унгарската граница, ќе биде изградена штом дозволат временските услови и завршена до крајот на пролетта.
Активистите за заштита на човековите права остро ја критикуваа унгарската миграциска политика, вклучувајќи ги и мерките со кои барателите на азил ќе се сместуваат во притворски кампови на границата додека не биде решено нивното барање.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
