Македонија
11. September 2015 - 17:02

Во струмичките села се живее како во 19тиот век

Градоначалникот Зоран Заев не е заинтересиран за проблемите на село Добрејци велат дел од жителите на ова населено место. Тие се пожалија дека биле заборавени од градоначалникот на Струмица кој   на сите избори ветувал проекти за равој на  Добрејци како приградска населба, но никогаш досега во неговите мандати не создал услови за тоа. Тие велат дека селото било оставено само на себе со услови како во деветнаесетиот век. Поради лошата состојба на патот такси компаниите веќе не сакаат да возат во ова населено место, додавајќи дека центарот на селото и при најмал дожд бил под вода. Немало ништо ниту од ветениот проект за тампонирање на полски патишта за кој средства собирале и самите граѓани, ниту пак од проектот за изградба на канализација кој бил  ветуван со години.

,, Канализацијата е најголем проблем во селото бидејќи во поплавите што беа напролет и изминатите години јамите се излеваат и течат по самите улици на село Добрејци. Значи господинот градоначалник Заев е незаинтересиран за проблемите на жителите на село Добрејци.,, рече Јордан Ѓоргиев – жител на Добрејци

Жителите на Добрејци се пожалија и на лошото улично осветлување за кое плаќале секој месец, но наместо осветлени улици добивале осветлување кое само ги обележува столбовите. Незадоволни од работењето на градоначалникот Зоран Заев граѓаните на Добрејци му порачаа да ја напушти функцијата и да овозможи предвремени локални избори за да можело општината да почне да работи за граѓаните.