Демократската партија на САД го избра Том Перез за претседател

Демократската партија на САД го избра за свој претседател Том Перез, поранешен министер за труд во администрацијата на Барак Обама.
Перез ќе има задача да ја обнови партијата и да ја предводи опозицијата против претседателот Доналд Трамп.
Изборите на новиот лидер на Националниот комитет на демократите собраа стотици партиски членови, донатори и активисти во Атланта.
Новиот претседател беше избран во вториот круг од членовите на Националниот комитет на Демократската партија, откако не успеа да победи во првиот круг со еден глас.
Во вториот круг тој освои 235 гласови наспроти 200 гласови за неговот главен ривал Кит Елисон.
Гласањето беше спроведено со гласачки ливчиња, бидејќи електронскиот систем „може да биде предмет на интервенција и не е доверлив“, јави сајтот Хил, кој во живо го пренесуваше настанот.
Педесет и три годишниот Елисон ја имаше поддршката на прогресивната левица, вклучувајќи ги и поддржувачите на сенаторот Барни Сандерс. Тој се сметаше за „помлад глас“ во застарената партија. Перез е поблизок до традиционалното раководство на партијата, вклучувајќи ги влијателните поддржувачи на Хилари Клинтон и Барак Обама.
Новиот претседател вети дека ќе води борба против политиката на Трамп и ќе ја промени организациската структура на Националниот комитет на партијата, со цел да го приближи до поддржувачите.
Ново на Сител
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
