Грција се соочува со недостиг од учители и наставници
Грција ја почна новата учебна година со недостиг од учители и наставници, информира денеска електронското издание на весникот „Катимерини“.
Министерот за образование ја увери грчката јавност дека службената Влада е „на вистинскиот пат“ за да пополни некои од дупките.
Училиштата денеска ги отворија вратите со околу 6.500 помалку учители од нивниот оптимален број, што е над два пати повеќе во однос на минатогодишниот регистриран недостиг од 3.000 учители.
Министерството за образование од Европската унија и од државниот буџет обезбедило финансиски средства за изноѓање 19.000 наставници, кои привремено ќе може да бидат на локални образовни позиции.
Синдикатите во образованието пред неколку дена предупредија дека десетици училишта во Грција, а особено во оддалечените региони, нема да можат вооопшто да ги отворат вратите затоа што немаат учители.
Во државните училишта во Грција учат околу 1,5 милион деца, а за нив има 137.000 учители.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите