МВР издаде потврди на 958 странски државјани
МВР соопшти дека во периодот од 8:00 часот вчера до 8:00 часот денеска издадени се потврди на вкупно 958 странски државјани. Од нив 665 се од машки пол, 155 се од женски, 107 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 32 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-806, Авганистан –80, Ирак-44, Палестина-15, Пакистан-седум, додека другите се во помал број.
- Во периодот од 19 јуни до 8:00 часот до денеска издадени се потврди на вкупно 69.743 странски државјани, од кои, 46.913 се од машки пол, 9.610 се од женски, 11.360 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.860 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, стои во соопштението.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-56.617, потоа Авганистан-4.166, Ирак-3.260, Пакистан-1.983 Палестина-823, Сомалија-583, Бангладеж-477, Конго-328, Нигерија-208, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-117, Судан-103, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 8:00 часот вчера до 8:00 часот денеска до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
- Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се додава во соопштението.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите од машки пол. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 1 баратели на азил - малолетно лице е без придружба на старател е згрижен на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски