Британскиот министер за Европа сер Данкан во посета на Македонија

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан денеска ќе допатува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со шефот на дипломатија Никола Попоски и лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание.
Како што информираат од Британскиот форин офис, на средбите ќе се разговара за актуелната политичка ситуација, потребата за итни реформи кои ќе овозможат напредок кон членството во НАТО и ЕУ, како и плановите на лидерите за изградба на просперитетна и инклузивна држава.
Министерот сер Данкан, во рамки на дводневниот престој во државата, ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор, на СЈО и институции поврзани со владеењето на правото, со фокус на иднината на Македонија.
Посетата на сер Данкан на Македонија, која доаѓа неполна година од посетатата на неговиот претходник Дејвид Лидингтон ја нагласува посветеноста на Британија да биде активен поддржувач на Западниот Балкан. Дводневниот престој во Скопје е дел од неговата западно-балканска турнеја во чии рамки, прва станица е Подгорица.
Пред посетата на регионот тој изјави дека Западниот Балкан е клучен регион за Британија и Лондон останува посветен на тоа да има активна улога како поддржувач. Според сер Данкан, Британија ќе ја напушти Европската унија, но не ја напушта Европа.
- Ние сме долгогодишен поддржувач на Македонија и Црна Гора на нивниот пат кон членство во ЕУ и НАТО, за што е потребно значаен напредок во реформите на двете земји. Се разбира, предизвиците се тука и многу би сакал да слушнам од политичарите и граѓанскиот сектор со цел подобро да разбереме како Обединетото Кралство може да ги поддржи двете земји да бидат стабилни и просперитетни, вели сер Данкан во изјавата.
На средбите, како што е најавено, ќе стане збор и за унапредување на можностите за идна соработка во областа на безбедноста, економската соработка и мигрантската криза.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
