Списание на ИД ги нарече грешници муслиманите бегалци во Европа

Сиријците и Либијците што бегаат во Европа прават грев, бидејќи ги изложуваат децата на атеизам, наркотици, алкохол и сексуален разврат, пишува списанието „Дабик“, кое се издава од групата „Исламска држава“.
- За жал некои Сиријци и Либијци се подготвени да го ризикуваат животот и душите на своите деца на опасно патување кон земјите, на воените крстоносци, управувани од законите на атеизмот и нередот, се наведува во статијата.
Списанието предупредува дека напуштањето на управуваната од „Исламска држава“ територија е голем грев, бидејќи е преод кон безбожност и создава опасност децата и внуците на бегалците да го напуштат исламот во корист на христијанството, атеизмот или либерализмот. Освен тоа, миграцијата кон христијански земји ги изложува децата и внуците на мигрантите на постојана закана од разврат, содомија, наркотици и алкохол.
Дури и да не западнат во грев, ќе го заборават јазикот на Куранот. Тоа ќе го отежне нивното враќање кон муслиманската религија, предупредува ИД.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
