Кога го роди првото бебе на стари години и го одзедоа, сега на 64 роди близнаци

Близнаците се родени на северот од Шпанија во Бугос. Жената се породила со царски рез, вообичаена техника за вакви ретки случаи.
Машкото дете е тешко 2,4 кг, а девојчето 2,2 кг.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, неименуваната жена зачнала со вештачко оплодување во САД.
Таа во 2012 година роди девојче кое беше преземено од социјалните служби поради загриженоста дека нема да ја добие неопходната грижа.
Социјалните работници соопштија дека девојчето растело изолирано, слабо облечено и и во лоши услови за одржување на личната хигиена.
Самото породување помина без компликации но се уште не е донесена никаква одлука за близнаците кои се во добра задавствена состојба како и нивната мајка.
Според медиумите, во Шпанија последниве години е забележано дека уште две жени во нивните 60-ти години родиле здрави деца.
Индијка на возраст од 70 години роди здраво дето во април 2016 година, по ин витро третман.
Ново на Сител
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
-

Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”
-

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
-

Мали ритуали - големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија
